Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смартфоните можат да откријат рак на очите

Смартфоните можат да откријат рак на очите

Дури и да сте слушнале за тоа заслужува уште еднаш да се прочита, бидејќи станува збор за нешто што всушност може да спаси живот, пишува „Д Вердж“.

Ретинобластом е редок вид агресивен рак на очите, кој во повеќето случаи влијае на мали деца. Тој се развива како тумор во ретината, но може да биде дијагностициран со „smartphone“. Децата со таква болест често имаат бел сјај околу зеницата на фотографиите направени со блиц. Неодамна тој факт го спаси животот на Ејвори - двегодишниот син на Џули Фицџералд.

„Имав чувство дека нешто не е во ред со неговото око“, вели Фицџералд за „ABC News“. Таа забележала чудни дамки во очите на Ејвори на фотографиите, а откако ја прочитала приказна за слична дијагноза, го однела син и на лекар, кој и потврдил присуство на рак. За жал Ејвори го загубил окото како последица на болеста, но ништо повеќе. „Тоа се покажа како кошмар на нашето искуство, но се спаси животот на нашиот син“, вели Фицџералд.

Присуството на бела боја со блиц во зеница на дете не е дијагноза за ретинобластом, но е добро да се направи проверка, велат лекарите.

„Многу подобро е да одиш на преглед и резултатите да се негативни, отколку да не се“, вели офталмологот Мајкл Стјуарт во интервју за „USA Today“.

„Кога ќе се примети порано, (ретинобластом) пркоси на лекување. Современата технологија и хемотерапија можат да спасат живот и видот на детето.

„Паметните телефони се толку ефикасни како алатка за поставување на дијагнози со што британската невладина организација труст за ракот на очите кај деца (CHECT) дури одржa кампања за користење на оваа техника.

Слично

Поврзани вести