Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слупчане доби нова трафостаница од ЕВН

Слупчане доби нова трафостаница од ЕВН
ЕВН Македонија денеска ја пушти во употреба новата трафостаница во липсковското село Слупчане. Таа има јачина од 400 kVa (киловатампери) и треба да овозможи посигурно снабдување со електрична енергија на жителите и индустрискиот комплекс во месноста Слупчански Бунари во селото, но и да го растовари снабдувањето со електрична енергија на корисниците од селото Опае и другите населени места во Липковскиот регион. За изградба на новата трафостаница во селото и среднонапонската мрежа во должина од 1500 метри се инвестирани 4 милиони денари. Од ЕВН Македонија најавуваат дека и во 2013-та ќе продолжат со инвестирање во дистрибутивната мрежа во Кумановскиот и Липковскиот регион со цел подобрување на напонските прилики и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија.
Слично

Поврзани вести