Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слики од ѓубришта ја откриваат нашата негрижа за природата

Слики од ѓубришта ја откриваат нашата негрижа за природата

Глетката на локалните паркови, игралишта или училишни дворови во последно време не зборува за висока еколошка свест и грижа за околината во која живееме. Човекот очигледно е најголемиот непријател на човештвото и секојдневно со својот начин на живот нанесува непоправливи штети на животната средина.

Во таа насока, Пакомак заедно со локалната самоуправа иницираше проект за поттикнување и развој на свеста за тоа што предизвикуваме со своето неодговорно и непромислено однесување.

На Фејсбук Фан страната на Пакомак сите граѓани може да испраќаат фотографии од својата општина кои укажуваат на загадувањето и негрижата за животната средина што ќе претставува аларм за превземање на итни мерки за чистење и ремедиција на таа површина.

„Фотографиите што секојдневно ги добиваме навистина укажуваат на тоа дека човекот е отиден предалеку во своето незнаење и директно ја загрозува животната средина во која самиот егзистира. Природата не може сама да се спаси, а од малите, микро средини започнува загадувањето што се шири и голта сè што ни е неопходно за живот. Затоа ги повикувам сите граѓани да испраќаат фотографии што ќе демонстрираат како изгледаат нивните општини, училишта, влезови, паркови, игралишта и со наш придонес ќе направиме позитивни чекори за заштита на околината, а можеби и ќе инспирираме други поединци и деловни субјекти да го направат истото“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Гледајќи ја човечката невнимателност на фотографиите од амбиенти загрозени со толку многу отпад, станува дури и иронично колку околината знае да биде имагинативна. Фотографиите одново зборуваат за отпадот што се напластува исто како и човечката ароганција. Зборува за тажната вистина дека отсекогаш  сме имале премалку за себе - но затоа премногу за фрлање. 


Слично

Поврзани вести