Следната недела продолжува исплатата на субвенции
Од понеделник ќе почне исплатата на субвенции, која поради распишување на изборите беше запрена.
Од платежната Агенција за финансиска поддршка на земјоделство, објаснуваат дека во тек е оглас за субвенции. Веќе имаат 40.000 апликации за субвенции, што е половина од бројот на апликации кои се примаат на годишно ниво.
Програма за рурален развој за набавка на современа механизација, финансирање на општините и селата, за надлежните ова ќе остане приоритет. Оваа година се реализираат 221 проект за кои минатата година се одвоени пари. Инвестирањето во руралните средини ќе влијае и врз развојот на државата, рече претседателот на Владата, Димитриев.
Годинава за програмата за земјоделство се исплатени 3,6 млијарди денари.
Слично
