Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слатки или грицки – Што е подобро за вашето срце?

Слатки или грицки – Што е подобро за вашето срце?

Како виновник за срцеви болести и висок крвен притисок најчесто се посочува солта. Често избегнуваме да јадеме солени грички бидејќи не се здрави за нашите крвни вени. Сепак, се појавиле докази кои покажуваат дека шеќерот е дури и поголем виновник за болест на срцето од солта.

Истражувањето чии резултати биле објавени во магазинот „Open Heart“ покажува дека луѓето кои внесуваат 10 до 25 посто калории преку шеќери имаат 30 посто поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

Оние кои внесуваат и повеќе од 25 посто калории низ шеќерот имаат двојно повеќе шанси да умрат од кардиваскуларни болести.

Организацијата „ American Heart Association“ им препорачува на жените да не земаат повеќе од шест лажици шеќер дневно, а на мажите не повеќе од 9. Проблемот е во тоа што и мажите и жените земаат поголеми количини шеќер од овие.

Затоа, за празниците обидете се да бидете умерени и не претерувајте со слатките.

Слично

Поврзани вести