Економија, финансии, бизнис

Контакт

Skype овозможи групни аудио разговори за корисниците на iPhone

Skype овозможи групни аудио разговори за корисниците на iPhone

iOS кои користат Skype секако дека ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека е пуштена во употреба новата фунцкија која овозможува групни аудио повици. Оваа функција ќе биде достапна на Apple-овите и iPhone телефоните. Со едно притискање, може да организирате Skype повик за до четири лица, со оваа функција. Се што треба да направите е да ја пронајдете постоечката група и притиснете на големиот тастер на дното од екранот. Како домаќин, ќе имате можност да отфрлите некој од разговорот без да ја прекинувате врската со останатите. Покрај тоа, ако започнавте повик и сакате да додадете уште некој, како домаќин на разговорот можете тоа да го направите на едноставно притискање на тастерот. Најновата верзија Skype за iOS веќе се наоѓа во App Store, бесплатно секако.

Слично

Поврзани вести