Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скршил и украл палец од глинена фигура, Кинеските власти бараат голема казна

Скршил и украл палец од глинена фигура, Кинеските власти бараат голема казна

Остра казна бараат кинеските власти за човекот кој на изложба  во САД украл палец од глинена фигура на војник, вредна 4,5 милиони долари и стара над 2.000 години.


Минатата недела 24-годишниот Мајкл Роан е обвинет за кражба и сокривање вредни парчиња уметност, а подоцна е пуштен со кауција. Според судските извештаи, Роан на изложбата прво направил селфи со статуите, а потоа скршил палец од едната од нив и си заминал.

Глинените теракотни војници претставуваат едно од најзначајните археолошки пронајдоци во Кина.

Слично

Поврзани вести