Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скромната желба на децата од домот без родители за оваа зима е остварена

Скромната желба на децата од домот без родители за оваа зима е остварена

Вчерашниот ден на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ донесе насмевки на нивните лица. Имено, децата од домот беа прашани што сакаат да добијат како подарок оваа зима и заедничка желба на сите нив беше да имаат зимски чизми. Здружението на приредувачи на посебни игри на среќа „АПИС“, им го развесели вчерашниот ден на децата од домот и им ја исполни скромната желба.

12270316_10205994696842779_760356253_n

АПИС е компанија која веќе неколку години е инволвирана во помагањето и остварувањето на желбите на децата без родители. Постојаните донации во текот на последниве години се секогаш во согланост со потребите и желбите на децата. Радоста на нивните лица е повеќе од доволна награда за АПИС и за директорката на ЈУДД „11 Октомври“. Во име на децата директорката ја изрази својата благодарност за донацијата.

12282809_10205994697362792_383707932_n (1)

„Во името на сите деца и во мое име сакам да искажам голема благодарност, а посебно што овие донатори ни се постојани и секогаш со дарување по желбите на децата“, изјави директорката на ЈУДД „11 Октомври“, Ристенка Атанасова.

12000124_10205994696682775_1461944709_n (1)

Неизмерната детска радост за подароците ги исполни срцата на сите присутни. АПИС и оваа, како и неколку години наназад не заборава на овие деца.

Слично

Поврзани вести