Скопските бадникари слават 30 години бадникување пред Соборниот Храм Свети Климент во Скопје
Честа на секоја 10-та година Одборот да биде претставен со Кум и Здравичар за 2023-та им припадна на ветераните Мојсо Мојсовски и Иве Стевков, а како почит и пиетет спрема Марко Илковски кој се пресели во вечноста и спомените со нив ќе биде внукот, кој го носи неговото име.

Малиот Марко ќе биде синоним на младоста и продолжувањето на традицијата на членување и работа на бадникарите за продолжување на убавата традиција започната во далечната 1993 година.
За нив тоа е голема чест и обврска што ќе ја спроведат како и секоја задача во минатото.....
Слично
