Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопски Пазар“ отвори нов маркет во Аеродром

„Скопски Пазар“ отвори нов маркет во Аеродром
СП маркет отвори нов маркет под својот бренд денеска во Аеродром на ул. Коста Новаковиќ бр. 14. Со голем број попусти и со асортиман над 8.000 производи маркетот привлече огромен број на граѓани. Тие имаа можност да се уверат во квалитетната понуда и услугата на новиот СП Маркет меѓу кои е „Топлотека“ која ќе понуди над 70 врсти јадења: свежо зготвени топли јадења, салати, тестенини, месо, риба, домашни традиционални јадења и специјалитети од кујната на Ресторан 14, информираат од „Скопски Пазар“. Во понудата на супермаркетот потрошувачите можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук. „Се надеваме дека нашиот нов СП Маркет, ќе биде вистински одговор на секојдневните потреби на граѓаните, пред се за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени. Новиот СП Маркет ќе располага со широк асортиман на бројни други производи за широка потрошувачка, се со цел да им го олесни животот на граѓаните и да им одговори на нивната лојалност и доверба од почетокот па сè до денес, бидејќи вистинскиот комшија е оној кој е секогаш подготвен да помогне“, изјави Марија Тасиќ од Одделот за маркетинг на Скопски Пазар. Новиот СП Маркет ќе работи од 7 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 7 до 20 часот во недела. Располага со 4 каси и зафаќа површина од 335м2.  
Слично

Поврзани вести