Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопски OUTLET саем: Бесплатен влез и евтин мебел

Скопски OUTLET саем: Бесплатен влез и евтин мебел
Скопски OUTLET саем кој ќе се одржи од 1 до 16 јуни 2013 година ќе биде единствениот шопинг настан во нашава држава и ќе претставува одлична сезонска понуда каде што потрошувачите ќе најдат сè за домот по несекојдневни и специјални цени . Целта на Скопски саем за организирање на ваков карактеристичен саем е акцелерација на продажбата од асортиманот на производителите и трговските компании во сезона, а за посетителите  претставува  можност да најдат сè на едно место по поволни цени. Исто така Скопски OUTLET саем за посетителите ќе приреди и наградна игра со наслов „Градите? Реновирате? Преуредувате?“ каде што ќе подарат мопед, велосипеди, клима уреди, фотеља, софра, теписи, гарнитура за двор, душек и вечера за двајца. Извлекувањето на добитниците ќе се одвива во Метрополис Арена на 8 и 15 јуни во 17 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, а работното време на Скопски OUTLET саем е од 11,00 до 20,00 часот.
Слично

Поврзани вести