Скопје Сити Мол со најевтин паркинг простор во градот!
Скопје Сити Мол го активираше системот за наплата на паркинг места во состав на молот. Иако досега бесплатниот паркинг го менува својот карактер, истиот станува најевтин паркинг простор во Скопје, информираат од трговскиот центар.
Првиот час паркирање на возилото на паркингот на Скопје Сити Мол е БЕСПЛАТЕН. Истото важи и за паркирање на возило по 20 часот. Доколку возилото се задржи до пет часа во гаражниот простор на молот, истото ќе го чини вкупно 40 денари!
Наплатата се врши на излезите кон паркингот на трите нивоа, како и на самите излези (кај синиот, црвениот и зелениот излез).
Слично
