Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопје се сеќава” во чест на 50 години од земјотресот

„Скопје се сеќава” во чест на 50 години од земјотресот
Под мотото „Скопје се сеќава" ќе бидат организирани неколку месечни активности по повод одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, информираат градските власти. -На одбележувањето на половина век од катастрофалниот земјотрес во Скопје, нам ни останува да продолжиме да го градиме Скопје, со единствена цел-подобар живот за неговите граѓани, но и да не заборавиме дека во ова Скопје, пред се, се гради соживотот, мултикултурноста, меѓусебното разбирање и религиската хармонија", истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Во соработка со Министерството за надворешни работи, македонските амбасади во странство, здруженијата на Македонците во одредени земји и збратимените градови, ќе се изрази благодарност до сите оние хумани земји и граѓани што помогнаа по земјотресот, кога 80% од градот беше уништен или оштетен, урнатините затрупаа 1 000 жртви, а 100 000 луѓе останаа без дом. Со креативната платформа „Скопје ви се заблагодарува", Градот Скопје планира активности со кои ќе се заблагодари за хуманоста покажана во минатото. -По повод јубилејните 50 години од скопскиот земјотрес, под мотото 'Скопје се сеќава' низ разновидна програма ќе се обидеме скопјани да ги потсетиме на немилиот настан, на случувањата и чувствата од тоа време, а кои до ден-денес се дел од сите нас. Под една поширока платформа обединуваме голем број институции и организации кои имаат заедничка цел да обединат, да мотивираат и испратат заедничка порака", рече Вера Бошкова, директорка на Универзалната сала-Скопје. Активностите ќе почнат веќе идниот месец, додека поинтензивни активности се планираат во деновите пред 26 Јули, со еден централен мултимедијален настан на самиот ден.
Слично

Поврзани вести