Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје доби уште 79 нови автобуси

Скопје доби уште 79 нови автобуси

Денеска беа промовирани последните 64 двокатни и 15 панорамски двокатни автобуси на кинескиот производител „ЈУТОНГ“  со што се заокружи конаечната бројка од  312 нови автобуси, донација од Владата и Министерството за транспорт и врски, вредна околу 57 милиони евра.

„Ветувањето е исполнето, а целта е постигната. Скопје доби нов автобуски превоз според сите европски стандарди онака како што доликува на една европска метропола. Над сто илјади граѓани кои живеат, работат или привремено престојуваат во главниот град секојдневно можат да ги користат новите автобуси кои во целост се вклопија во новиот изглед и имиџ на Скопје“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

И Министеротза транспорт и врски Миле Јанакиески повтори дека во целост е завршен проектот за набавка на нови градски автобуси како и на двокатните отворени туристички автобуси за Скопје. „Старите автобуси кои претходно се користеа во главниот град, освен што беа премногу стари, го загадуваа воздухот и не беа соодветно затоплени и климатизирани, сега се минато. Конечно, жителите на Скопје се возат во нови и модерни автобуси откако извршивме набавка на 16 минибуси, 80 нископодни и 200 двокатни автобуси кои се со посебен дизајн карактеристичен исклучиво за Градот Скопје - стил кој потсетува на автобусите што тука се користеле во средината на минатиот век“, рече Јанакиески.

За време на денешната промоција на новите автобуси беше најавено дека 15 двокатни автобуси со отворен покрив кои ќе се користат за панорамско разгледување на градот, ќе бидат пуштани и во редовните линии кога тоа ќе го дозволат временските услови.

Слично

Поврзани вести