Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјани се смрзнаа, Тафталиџе и понатаму останува без парно

Скопјани се смрзнаа, Тафталиџе и понатаму останува без парно

Во поголемиот дел од населбите кои останаа без греење поради исклучувањето од работа на топланата Запад греењето е повторно вклучено. Без греење остануваат само корисниците од населбата Тафталиџе 2, информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од АД Топлификација соопштуваат дека екипите работат на целосно санирање на дефектот.

Инаку поради губење вода од системот за греење во 12.50 часот од работа беше исклучена топланата Запад, а без греење останаа потрошувачите на потегот од населбите Ѓорче Петров и Хром, па се до Универзална сала. Од 13.25 часот греењето е вклучено кај поголемиот дел од потрошувачите, информираат од РЦУК на Град Скопје.

Слично

Поврзани вести