Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјани пијат безбедна вода

Скопјани пијат безбедна вода

Жителите на главниот град пијат безбедна и квалитетна вода. Ова станува јасно од денешното известување на ЈП Водовод и Канализација – Скопје во координација со Центарот за санитарна контрола, акредитиран за вршење на својата работа според ИСО17025:2018 .

Според објавениот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење од ЈП Водовод и канализација информираат дека се анализирани 183 примероци за физичка-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 39 мерни места во Скопје.

Испитувањето е спроведено во период од 28 октомври до 1 ноември, а добиените резултати одговараат на Правилникот за барање за безбедност и валитет на водата за пиење.

Слично

Поврзани вести