Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец доби фантастични 282 илјади евра на ЛОТО на ливче уплатено кај кино Вардар!

Скопјанец доби фантастични 282 илјади евра на ЛОТО на ливче уплатено кај кино Вардар!
Вечерва го добивме добитникот на  7-ка вредна 17.383.421,50 денари (282 илјади евра), соопшти Лотарија на Македонија. Добитникот своето НОВОЛОТО ливче го уплатил во Скопје во продажното место Монастрет кај Кино Вардар. Тој играл систем со уплата од 1800 денари. Покрај среќата да ја освои премијата 7-ка, овој, засега анонимен Скопјанец е навистина многу среќен ден за него, бидејки освоил и дополнителни 2000 евра од 21 добивка -6ка. Ова е досега 5та по ред премија 7ка во НОВОЛОТО. Само за потсетување последната падна во Свети Николе на 30.06.12. Најголемата седумка во НОВОЛОТО досега е од 37 коло во 2011, вредна 21.173.081,00 денари. Освен премијата 7ка вечерва имаме и една премија 6+1 вредна 187.787,50. Ливчето  е уплатено во Прилеп.  Покрај тоа имаме и рекорден број на добивки 6ка, од кои само 21 се кај нашиот најсреќен добитник вечерва. Премијата за 6ката е вредна 5.909,00 денари.
Слично

Поврзани вести