Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скапите работи стојат во фиоката за чорапи!?

Скапите работи стојат во фиоката за чорапи!?
Омилено место на луѓето за криење на пари и накит е фиоката со чорапи. Ова крадците добро го знаат, но повеќето сопственици на станови немаат имагинација и секогаш ги кријат вредите работи во фиока или под креветот. Над 50 проценти од луѓето признаваат дека имаат вредни предмети на "тајни" места на кои е многу веројатно крадците веднаш ќе ги најдат при упад во нивниот дом. Омилено "скришно" место на 13 отсто од испитаниците е фиоката со чорапи. По девет проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека вредните нешта им стојат во преградите на гардероба и под креветот. Кога пак станува збор за кражбите, само 40 проценти од жртвите на грабеж ставаат аларм, додека една третина по грабежот си набавиле посебни брави за врати и прозорци. Петнаесет проценти земале куче, верувајќи дека тоа ќе биде сигурен чувар. „Треба да покажеме повеќе имагинација во обидите да го одбраниме вредности“, вели сопственикот на осигурителна компанија Герет Лејн.
Слично

Поврзани вести