Скалесто плаќање на водата за селските водоводи во Струмичко
Скалесто плаќање на воведе овој месец воведе Струмички „Комуналец“ за селските водоводи. До 15 метри кубни потрошената вода ќе се наплаќа по 18, а над 15 по досегашната цена од 31,2 денари за метар кубен.
По предлог на Управниот одбор на „Комуналец“ Советот на општина Струмица донесе одлука со која се намалува цената на потрошената вода во селските водоводни системи во Банско, Муртино, Свидовица и Куклиш.
- Со воведување на скалесто наплаќање сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за рационално користење на водата. Така секое семејство кое ќе потроши до 15 метри кубни вода ќе плати по 18 денари, а се што ќе биде потрошено над 15 кубика ќе биде наплаќано по досегашната цена од 31,2 денари по метар кубен потрошена вода, изјави Зоран Ѓоргиев, директор на ЈПК „Комуналец“.
Од „Комуналец“, кој подолго време управува и инвестира во исправноста на селските водоводи, посочуваат дека потрошувачката на вода е најголема во летните месеци кога селаните ја користат за наводнување на нивните градини во близина на селата, поради што има рестрикции.
