Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите луѓе во ова село преку ноќ станаа милионери...Како?

Сите луѓе во ова село преку ноќ станаа милионери...Како?

Сите 80 жители на малото шпанско село Цералес дел Кондадо неодамна станале милионери и тоа благодарение на само еден човек.

Антонио Фернандез, милијардер и филантроп починал во август во стотата година од животот, а во својот ексцентричен тестамент 200 милиони евра им оставил на жителите на селото во кое растел и живеел. На секој жител така му припаднале нешто повеќе од 2,3 милиони евра, а останало и за други трошоци како нов културен центар.

Роден е во 1917 година, а веќе на 14 години морал да го напушти школувањето. Имено, бил едно од 13 деца во семејството и неговите ридители не можеле да му дозволат школување. Нешто подоцна се оженил со Циниа Гонзалез Диез и на 32 години емигрирал во Мексико каде се вработил во компанијата на нејзиниот вујко која произведува пиво.

До 1971 година напредувал до позицијата генерален директор и помогнал пивото кое го произведува оваа фабрика стане најпопуларно мексиканско пиво и голем извозен феномен.

Фернандез никогаш не го заборавил својот роден град, а поранешниот шпански крал го одликувал за неговата хуманитарна работа. Но дури после неговата смрт, жителите на селото во кое растел сфатиле колку го сакал своето родно место.

Слично

Поврзани вести