Економија, финансии, бизнис

Контакт

Систина донира опрема за децата со оштетен вид

Систина донира опрема за децата со оштетен вид
Очната клиника „Систина офталмологија“ донираше Брајов механички печатар за децата и младинците од државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. - Дел од овие дечиња се и наши пациенти и ние свесни за нивните потреби се  одлучивме да им помогнеме и да им го олесниме  школувањето. Со новиот печатар, ќе им  овозможиме  подготовка и пишување  на материјали  со Брајово писмо за сите одделенија (од прво одделение до четврта година средно) и по сите предмети, со што очекуваме да им го подобриме квалитетот на наставниот материјал и да им го олесниме процесот на учење на оваа група на дечиња, изјави  директорот на „Систина офталмологија“  д-р Златко Арнаудовски. Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид  „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат и стручно се оспособуваат 58 ученици од целата држава.
Слично

Поврзани вести