Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сировото кафе се поскапо на берзите: Што е причината за поскапувањето?

Сировото кафе се поскапо на берзите: Што е причината за поскапувањето?

Повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот го започнуваат денот со кафе, шолја совршен ритуал кој е симбол на дружење, моменти на опуштање и традиција. Патот од плантажа до шолја е долг, а од почетокот на минатата година пазарот на кафе се соочи со значителни предизвици, кои доведоа до драстичен раст на цените. Поскапувањата кои го зафатија глобалниот пазар го наметнуваат прашањето: на кој начин ова ќе влијае на цената на кафето на полиците?

Цената на кафето како суровина на берзите непрекинато расте, рушејќи историски рекорди. Крајот на 2024 година донесе незапаметен скок на цените, кога арабиката достигна рекорд на сите времиња. Во само првите два месеца од оваа година, цената од 320 центи по фунта порасна на 420, што претставува раст од повеќе од 30% од почетокот на годината. Во споредба со февруари минатата година, цената на арабиката е повисока за неверојатни 140%, додека робустата на лондонската берза ја удвои својата вредност.

Од плантажа до шолја: кафето никогаш не било поскапо?

Според асоцијацијата на производителиод прехранбената индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија  причината за овие промени велат дека лежи во комбинацијата на глобални фактори:

„Скокот на цените на логистиката, растот на цената на кафето на меѓународните берзи, пониските приноси во земјите каде што се произведува кафето поради климатските промени, односно сушите и прекумерните врнежи, прекинатите трговски рути предизвикани од воени дејства, растот на цената на работната сила и недостигот на работници, зголемувањето на цените на енергенсите е сето она што се фактори кои влијаеја на енормниот скок на цената на суровината. Влошена е и онака деликатната рамнотежа меѓу понудата и побарувачката. Долгите суши во Виетнам, главниот производител на кафето робуста им наштетија на растенијата. Со сушите што влијаат на приносите се соочува и Бразил, кој е главен извозник на кафето арабика и има 2/3 од светскиот пазар. Овие нарушувања доведоа до значителен скок на цените на берзите, како за арабиката, така и за робустата.“ Така, трендот на зголемување на цената на суровината неминовно се одразува и на малопродажните цени, а што ќе се случува идно на берзата, останува да видиме.

Стратегии на домашните производители во нестабилни услови

Овие глобални трендови поставуваат сериозни предизвици и пред домашните производители кои се принудени на ценовни корекции:

„Цената на кафето се формира според следниот принцип: суровина-транспорт-ДДВ. Со оглед на растот на цената на суровото кафе, домашните производители мораа да се прилагодат на пазарот“.

Имајќи предвид дека најголемиот дел од суровината се увезува, растот на цените на меѓународно ниво директно ги зголемува трошоците за работењето. Кога основните ресурси поскапуваат, домашните производители мораат да најдат начин да го одржат балансот, а притоа да не го загрозат квалитетот на производот. Клучот за опстанок во вакви околности лежи во паметното планирање на трошоците и приспособувањето на стратегиите за набавка и производство. Ефикасното управување со ресурсите и оптимизацијата на бизнисот стануваат клучни фактори во надминувањето на овие предизвици. Домашните производители долго време успеваа да ги амортизираат трошоците, но на долг рок тоа е неодржливо а притоа да не се загрози квалитетот на кафето на кое потрошувачите се навикнати.

Што е со потрошувачите?

На потрошувачите им останува внимателно да избираат производи и да го следат квалитетот на кафето што го пијат преку декларациите и споредувањето на цените.

Правилникот за декларирање јасно пропишува дека на декларацијата мора да биде нагласен процентот на сурогати, доколку ги има, а тоа се производи кои обично се поевтини. Зашто, додека пазарот не се стабилизира , а нема изгледи дека тоа ќе биде наскоро, кафето ќе остане производ чија вредност расте.

пр објава

Слично

Поврзани вести