Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНТЕЗИС: Со нераспакувани куфери го чекавме секое следно патување

СИНТЕЗИС: Со нераспакувани куфери го чекавме секое следно патување

Не знам во колку држави сме настапувале, можеби е подобро да избројам во колку држави не сме. Сме биле во речиси цела Европа, Јапонија, Австралија, Виетнам…, не сме биле само во Африка и во Јужна Америка. Се обидовме да изброиме колку пати сме летувале заедно, ама не успеавме

Сношти многуте пријатели на македонскиот етно-состав со светски успеси „Синтезис“, патуваа со нив низ времето. „Синтезис“, иако постојат 23 години, обележаа 20 годишен јубилеј со промоција на монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време“ и осмиот по ред албум „Остров“, во клуб-ресторанот МКЦ во Скопје.

„На „Синтезис“ им фалеше уште книга, за да не влезат во прашливиот заборав. Додека пишував, се справив со две ситуации, прво – пишувам за мои пријатели, а друго – Синтезис во нивните почетоци од 1995 година, па некаде до 2001 прва не беа многу медиумски експонирани, неоправдано беа потонати во медиумски молк. Затоа, ми послужија живите сеќавања на Шуте и на Мац“, изјави авторот на биографијата Милан Панов. Во неа пишуваат и Оливер Белопета и Бранка Костиќ-Марковиќ, кои исто така се обратија на промоцијата, како и Михаил Ренџов, Владимир Мандичевски, Венко Андоновски и Елени Новаковска.

Повеќе прочитајте на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести