Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силна експлозија во зграда во Куманово

Силна експлозија во зграда во Куманово

Силна детонација се случи попладнево околу 18 часот во една зграда во Куманово на улица „Окомвриска револуција”.

Во експлозијата нема жртви, а оштетени се повеќе станови, мебел и влезни врати на становите.

За сега, не е позната причината од што е предизвикана експлозијата.

Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен во 18:05 часот и оти во моментов увид вршат екипи на СВР Куманово и на Основното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести