Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силк Роуд Банка со специјална понуда за 8 Март: двоен бонус за секој купен подарок

Силк Роуд Банка со специјална понуда за 8 Март: двоен бонус за секој купен подарок

Силк Роуд Банка најави специјална промотивна понуда по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, со која корисниците на програмата „Твој Бонус“ ќе можат да добијат двоен бонус при купување подароци.

Како што информира банката, акцијата е посветена на жените кои секојдневно се инспирација, а клиентите во рамки на промоцијата ќе добиваат двојно повеќе бонус средства на својата сметка при купување кај партнерите од програмата.

Понудата вклучува неколку поволности: двоен бонус за секоја трансакција, без минимален износ за пазарување, како и без ограничување на максималниот износ на бонус што може да се добие.

Промотивната акција ќе трае од 5 до 8 март 2026 година, а корисниците можат да ги разгледаат сите партнери вклучени во програмата „Твој Бонус“ преку официјалните канали на Силк Роуд Банка.

ПР објава

Слично

Поврзани вести