СИЛК РОУД БАНКА СО АКТИВНО УЧЕСТВО ВО КАМПАЊАТА „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“
Вработените во Силк Роуд Банка АД Скопје по повод светскиот Ден на гладта, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија активно учествуваа во кампањата „Помислете и на нас“ којашто се спроведува во рамките на неделата за борба против гладта, при што беа донирани прехранбени производи и финансиски средства за најранливите категории на граѓани.

Обезбедени се пакети на производи, наменети за
социјално загрозените граѓани и семејства и истите
ќе бидат дистрибуирани од страна на Црвен крст .

Силк Роуд Банка АД Скопје како општествено
одговорна компанија секогаш се труди да им излезе во пресрет и да им помогне на
оние на кои што помошта им е најпотребна со цел подобрување на нивните услови
за живот, а особено сега во време кога сме соочени сите заедно со предизвиците
што со себе ги носи ковид-19 пандемијата низ целиот свет и во нашата држава.
