Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силк Роуд Банка и Литература во ново партнерство

Силк Роуд Банка и Литература во ново партнерство

Силк Роуд Банка со задоволство  го најавува новото партнерство со ЛИТЕРАТУРА, која станува дел од програмата Твој Бонус на Американ експрес картичките. Во рамки на оваа соработка, Банката ќе го поддржи овогодинешното издание на „Денови на литературата“, кое ќе се одржи од 5 до 22 февруари, на повеќе локации низ Скопје.

Оваа година настанот „Денови на литературата“ ќе понуди разновидна културна програма, а Силк Роуд Банка ќе биде партнер на неколку значајни настани. Меѓу нив се свеченото отворање на 5 февруари во Дајмонд Мол, настаните „Маскоти“ и детската работилница со „Исидора Мун“ на 14 февруари во Ист Гејт Мол, како и настанот „Стела и Сани“ на 22 февруари во Сити Мол.

Со ова партнерство, Силк Роуд Банка ја потврдува својата посветеност на културата и образованието, препознавајќи ја литературата како значаен простор за идеи, инспирација и дијалог.

Корисниците на Американ експрес картичките издадени од Силк Роуд Банка ќе можат да уживаат во 15% поврат при плаќање во ЛИТЕРАТУРА, во рамки на програмата Твој Бонус.

ПР објава

Слично

Поврзани вести