Силк Роуд Банка ja претставува Silk Pay – дигиталната апликација за трговци која го менува начинот на продажба на кредити
Силк Роуд Банка АД Скопје, единствената банка во Македонија со 100% швајцарски капитал, ја лансира Silk Pay – новата мобилна апликација наменета за трговци, преку која нивните клиенти можат да добијат потрошувачки кредит директно на продажното место, за само неколку минути, со ништо повеќе освен лична карта.
Silk Pay е целосно дигитално решение кое го елиминира хартиениот процес и овозможува апликација за кредит преку автоматска обработка и дигитално потпишување. Апликацијата е достапна за сите клиенти со редовни примања по основ на плата или пензија, без оглед во која банка примаат средства и без обврска за пренос на плата во Силк Роуд Банка. Корисниците исто така нема да имаат никакви дополнителни трошоци за одржување на платежна сметка во Банката.
Апликацијата носи придобивки и за трговците, овозможувајќи им поефикасна продажба, подобро корисничко искуство и модерна дигитална поддршка во секојдневното работење.
„Со Silk Pay продолжуваме да инвестираме во иновативни решенија кои ги поедноставуваат финансиските услуги и создаваат дополнителна вредност за нашите клиенти и деловни партнери. Нашата цел е преку современи дигитални алатки да обезбедиме побрзо, полесно и подостапно финансирање за граѓаните“, велат од Силк Роуд Банка.
Силк Роуд Банка останува посветена на развој на современи финансиски решенија кои ги следат потребите на пазарот и придонесуваат кон дигитална трансформација на финансиските услуги во земјата.
*Пр објава
