Силк Роуд Банка ги избра најдобрите банкарски службеници за 2023 година
Напорната работа, истрајноста и вложената енергија во остварување на добра соработка со клиентите и колегите секогаш носи резултати!
По повод
Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската
банкарска асоцијација беа доделени признанија на најдобрите банкарски
службеници за 2023 година за нивната посветена работа и остварени резултати!

Оваа година,
ова значајно признание го добија двајца наши колеги кои се истакнаа со својот
ангажман во исполнување и надминување на планираните резултати во Силк Роуд
Банка:
* Даница Исаевска, заменик раководител на експозитура Автокоманда
* Павлина Трифуновски, банкарски службеник во експозитура Битола
Им честитаме и
на двете! Задоволство ни е што сте дел од нашиот тим и ви посакуваме уште многу
успеси и признанија во иднина!
