Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силк Роуд банка донираше современ аудиометар за болницата во Кочани

Силк Роуд банка донираше современ аудиометар за болницата во Кочани

Силк Роуд банка донираше современ аудиометар за ЈЗУ Општа болница Кочани, со цел унапредување на дијагностиката и грижата за пациентите. Ова е втора донација на Банката за болницата, како дел од нејзината континуирана поддршка за здравствениот систем и локалната заедница.

Со новата медицинска опрема ќе се овозможи побрза и попрецизна дијагностика на слухот, како и подобри услови за работа на медицинскиот персонал кој секојдневно се грижи за пациентите.

„Веруваме дека вложувањето во здравството е вложување во луѓето, надежта и иднината на целата заедница“, велат од Банката, додавајќи дека општествената одговорност за нив претставува искрена заложба за создавање позитивни промени и поддршка таму каде што е најпотребна. 

ПР објава

Слично

Поврзани вести