Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен февруари за повеќето големи автомобилски компании во Европа

Силен февруари за повеќето големи автомобилски компании во Европа

Со раст во продажбата на нови автомобили заврши месец февруари за сите големи производители во Европа, покажува статистиката на Европската асоцијација на автомобилски производители (ACEA).

Лидер во Европа продолжува да биде германскиот концерн „VW Group“, кој во февруари реализирал 233 527 нови автомобили, или со 11,1% повеќе од февруари 2014 година . Вториот и третиот по продажбата исто ги задржуваат местата во рангирањето. „PSA Group“ има реализирано 105 611 автомобили во февруари (раст од 1,1%), а „Renault Group“ - 95 273 возила и раст од 9,9 отсто.

На четвртото место со 60 924 продажба и раст од 6,9% продолжува да биде „Ford“, додека на петто место во февруари се позиционира „FCA Group“ (65 060 продажба и 11,9% раст). Италијанско-американската група ја менува од оваа позиција „Opel Group“, која сега го зазема шестото место. Продажбата на германската компанија бележи пад од 7,8%, како причина затоа е брендот „Chrvrolet“, која е преземена од пазарот на Европа. Продажбата на брендот „Opel“ достигнува 55 603 примероци, или раст од 6,3%.

Генерално сите големи автомобилски компании го завршиле месецот со раст во продажбата. Исклучок прават само „Mazda“, „Suzuki“, „Jaguar“ и „Honda“.

Во сегментот на премиум автомобилите водач со 47 859 продажба и раст од 2,9 отсто во февруари е „Audi“. Второто место останува за „BMW“ (45 870 продажба и раст од 13,7%), а третото за „Mercedes“ (42 841 продажба и раст од 9,3%).

Слично

Поврзани вести