Швеѓани го сакаат македонскиот „вранец“
Еден од најголемите добавувачи на вина во Шведска изразил интерес да увезува македонско вино од сортата „вранец“ на шведскиот пазар. Вината потоа би се пласирале во поголемите супермаркети во Шведска.
„Со овој чин очекуваме да се зголеми извозот во Шведска, како и Скандинавија во целост, како и да се зголеми профитабилноста на нашите компании поради зголемена продажна цена“, вели Климент Шеќеровски, заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Освен за виното, потенцијал за извоз на шведскиот пазар има и за македонското овошје и зеленчук.
„Шведска е отворен пазар, увезуваме многу производи, особено прехранбени, а нашите потрошувачи постојано сакаат да пробуваат нови производи. Македонските компании, особено малите, немаат големо искуство со нашите компании кои се географски одалечени. Сепак, има голем потенцијал којшто треба да се искористи во иднина“, вели шведскиот амбасадор во Македонија, Матс Страфансон.
Трговската размена меѓу Македонија и Шведска засега е на многу ниско ниво - Шведска не е ниту меѓу првите 20 трговски партнери со кои земјава остварува размена, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Слично
