ШТОМ ПРЕЈДАТ ОД ЕДНА СОБА ВО ДРУГА, ВЛЕГУВААТ ВО НОВА ДРЖАВА: Овој пар ја продава куќата која се наоѓа на две држави
Брајан и Џоан Думолин живеат во една куќа, но во две држави. Имено, нивната куќа се наоѓа на самата граница на Канада и Сад, и еден дел од куќата е во едната држава, а другиот во другата.
Парот одлучил да ја продаде куќата и тоа не им оди од рака баш најдобро, бидејќи никој не сака истовремено да живее во две држави.
Куќата, која е позната под името „Стара камена продавница“ (Old Stone Store) ја изградил трговец како би можел да им продава на земјоделците на двете држави. Брајан и неговата сопруга, ја наследиле пред околу 40 години.
Слично
