Што велите за златна WC хартија за само милион евра
Фабриката Toilet Paper Man произведува ролна тоалетна хартија од 22-каратно злато по цена од 969.000 евра.
Според информациите на веб страница секоја нарачана ролна се доставува лично особно, а како подарок ќе добиете шише шампањско. Ролната скапоцено WC хартија е трислојна и овозможува неверојатна удобност при употребата.
Од фабриката порачуваат дека инспирацијата за златната ролна ја добиле од Дубаи.
- Имаме најскапa WC хартија во светот, и ни требаа четири години за една ролна. Во Дубаи некои хотели имаат златна WC школка и држачи за хартија, а ние одлучивме да направиме тоалетна хартија, порачуваат од австралиската фабрика.
За злато се одлучија и новопечените вереници Ким Кардашиан и Каније Вест, кои потрошиле 540.000 евра за четири златни тоалети за нивната нова вила на Бел Еир.
Фото: Миа
