Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што треба да избегнувате кога му праќате подарок на странски бизнис партнер?

Што треба да избегнувате кога му праќате подарок на странски бизнис партнер?

Размената на подароци е составен дел од бизнис комуникацијата. Меѓутоа, овој сегмент има свои правила а посебно внимание се препорачува доколку се работи за странски бизнис партнер.

Па така, на пример, во Јапонија, поголемо внимание се посветува на начинот на примопредавање на подароци отколку на вредноста на истиот. Вообичаено е подарокот да се предава со двете раце водејќи при тоа сметка подарокот да не биде во форма на бројот девет, бидејќи Јапонците не го сакаат. Исто така, препорачливо е подарокот да не се пакува во црвена хартија бидејќи во таа боја во Јапонија ги печатат посмртниците.

Од друга страна, во Кина е препорачливо подарокот да се завтика во црвена хартија додека е пожелно да се избегнува на пример бела бидејќи е поврзана со посмртници. Исто така, во Кина не е препорачливо да подарувате предмети во бојот четири бидејќи овој број има симболика на смрт во Кина.

За повеќето земји е карактеристично дека треба да избегнуваат подарувања на остри предмети како што се на пример ножеви или ножеви за отворање на писма. Тоа е случај, на пример со Швајцарија или Италија. За Италијанците е карактеристично дека треба да се избегнува подарување на хризантеми или било кој предмет во виолетова боја.

Што се однесува до арапските земји, секако се добредојдени подароци од порцелан или на пример бомбониери и цвеќе.

Она што е универзално за сите земји е избегнување на подарување на пример марами (украсни или било каков друг вид) бидејќи се поврзуваат со разделби и солзи.

Слично

Поврзани вести