Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СПОДЕЛИЈА ЅВЕЗДИТЕ: Интимните приказни на познатите во 2017

ШТО СПОДЕЛИЈА ЅВЕЗДИТЕ: Интимните приказни на познатите во 2017

Ексклузивно за „Женски магазин“, повеќето од домашните и дел од балканските ѕвезди споделија свои интимни приказни. Како новогодишна честитка и желба соработката да продолжи уште подобро во Новата 2018 година, ви пренесуваме дел од нив.

Дани Димитровска- Моите родители само имаат оштетен слух. Преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии. Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат.

Здравко Чолиќ- Забавно е да си татко на тинејџерки. Уна Звездана (16) е сега во фаза кога сака многу да излегува. Сака клубови. Се трудам да ја разберам, и велам дека се доаѓа во свое време. На Лара (11) допрва ќе и дојде тоа време.

Димитар Андоновски- Загубата на мојот татко беше голема загуба на моето семејство. Јас бев дете и нормално ми беше многу тешко затоа што чувствував голема потреба за неговото присуство. И по толку години се уште е доста болна и за мене и за целата фамилија. Би сакал старите рани од минатото да ги оставам таму некаде и да не се сеќавам на нив веќе.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, овде.

Слично

Поврзани вести