Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГИГНАТОТ: „Microsoft“ брка уште 2850 вработени

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГИГНАТОТ: „Microsoft“ брка уште 2850 вработени

Microsoft Corp. планира да го намали својот персонал со уште 2850 лица во рок од 12 месеци, како дел од реструктуирањето на единицата која се занимава со производство на паметни телефони.

Microsoft наведува дека отпуштањата се во прилог на редундантни 1850 работни места за кои беше најавено во мај 2016 година

Така компанијата се лишува вкупно 4700 вработени ширум светот за една година, како дел од претходно објавениот план и се очекува дека овие активности ќе бидат завршени до крајот на 2017 година.

За Microsoft фискалната година започна на 1 јули 2016 година и ќе заврши 30 јуни 2017 година.

Претставник на компанијата коментира пред MarketWatch дека 900 лица од глобалниот оддел за продажба веќе се отпуштени.

Остатокот од отпуштањата ќе влијаат на опсегот на продажба и производство на мобилни телефони.

На крајот на минатата фискална година во Microsoft работат околу 114 000 вработени, со полно работно време.

Слично

Поврзани вести