Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што не очекува во ИТ индустријата во текот на 2017-та година

Што не очекува во ИТ индустријата во текот на 2017-та година

Со цел да направи осврт на случувањата во ИТ индустријата изминатава година, а воедно и да предвиди што нè очекува во текот на 2017-та, специјализираниот портал IT.mk интервјуираше 36 македонски професионалци во 13 сегменти на информатичката технологија и го претстави серијалот IT.mk/2017 .

Годинава што измина беше една од најдинамичните години низ сите ИТ сегменти - од автономни возила, вештачка интелигенција па сè до експлозијата во популарност на платформи како Snapchat, Viber, лажните вести и е-печалбарство, видеата во живо преку Facebook и развојот на стартап еко-системот, меѓу другото... се случуваа револуционерни работи, но и сериозни киксови, како што беше проблемот со батеријата на Samsung Galaxy Note 7 и фактот дека беа хакирани неколку милиони акаунти на светските гиганти Yahoo!, Dropbox, LinkedIn.Но, далеку од тоа дека може да кажеме дека годинава сме виделе сè...

Пред нас е 2017-та, која се очекува да биде уште подинамична година на полето на информатичката технологија, година во која ќе има поголем развој и комерцијализација на автономните возила, напредок на вештачката интелигенција, уште повеќе видеа во живо, четботови и понапредни мобилни апликации, подобрување на е-трговијата во Македонија, фокус на корисничкото искуство во веб апликациите, како и епилог на најактуелната тема во онлајн медиумите за 2016-та – лажните вести и нивниот пласман на друштвените мрежи.

Прочитајте повеќе за очекувањата и трендовите кои следат во серијалот IT.mk/2017 за сегментите:

·  Е-трговија - интервју со Нина Ангеловска (основач на Grouper.mk), Даниела Милошеска (основач на BastetNoir.com) и Нина Нинеска (основач на Modular.mk);

·  Онлајн медиуми – Зоран Ричлиев(новинар, специјалист за дигитални медиуми),Срѓан Стојанчов (новинар) и Мите Кузевски(основач на VidiVaka.mk);

·  Друштвени медиуми – ДаркоБулдиовски(основач, New Media MK), МиткоЦабевски (ко-основач и CMO, u:Plug) и ИваДујак (менаџер за дигитални операции, Brand Union);

·  Вештачка интелигенција – интервју со Игор Трајковски (основач, Time.mk);

·  Онлајнрекламирање – Ненад Ристовски (директор на дигитален оддел, Publicis), Филип Младеновски (менаџер за дигитално огласување, Universal Media) и Влатко Серафимовски (Трендоленд);

·  Мобилни апликации – Иван Ивановски (основач, Venikom Mobile), Горјан Јовановски (креатор на МојВоздух), и Нино Карас (ко-основач, Letz.do и CodeWell)…

...како и за останатите ИТ сегменти Гејминг, Стартапи, ИТ Кариера, Веб дизајн, Front-end девелопмент, ИТ безбедност, Графички дизајн иХардвер.


Слично

Поврзани вести