Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му подари Пендаровски на Стинг?

Што му подари Пендаровски на Стинг?

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави дека се сретнал со музичарот Стинг кој настапува во Скопје, но и дека му дал подарок. 

„Средба со Стинг, еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, уметник, толку голем, а така скромен. Вечерва Скопје ќе ужива во безвременските хитови. Со Бети и Огнен, на Стинг за спомен му подаривме колекција македонски рокенрол плочи и ЦД-а, како и ,,Македонска РОК енциклопедија” и му посакавме незаборавен концерт“, пишува Пендаровски. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести