Што е жаме ву- спротивното чувство на дежа ву?
Сите сме доживеале дежа ву- чувство кое што ни се случува во моментов, а сме го искусиле и претходно.
Дали знаете дека, сепак, има и обратно на тоа чувство? Тоа се нарекува жаме ву. Го чувствуваме кога се наоѓаме во целосно позната средина, опкружени со луѓе кои добро ги познаваме, но одеднаш добиваме чувство дека сето тоа ни е целосно ново и непознато дека никогаш порано не сме биле на ова место, дека за прв пат наидуваме во оваа ситуација, дека за прв пат ги гледаме луѓето околу нас.
Постојат различни видови жаме ву. На пример, кога не препознаеме напишани зборови или слушнати фрази - небаре тоа е непознат јазик и не разбираме што значи. Или го гледаме пејзажот пред нас и во миг го забораваме макар и да не сме го прекинале очниот контакт.
Според анкети 60% од луѓето доживуваат жаме ву барем еднаш во животот. Ова сепак се случува многу ретко во споредба со дежа ву. И за двата феномени медицината сеуште нема јасно научно објаснување.
