Што да внесувате во организмот на +30?
Експерти укажуваат дека климатските услови може да влијаат на потребите на организмот за одреден вид на храна, па така во летниот период, посебно во текот на високите температури, а кои деновиве ќе не испржат, организмот има потреба за голем енергетски внес, првенствено за одговарачкиот внес на течности.
Дневните потреби се движат од шест до осум чаши вода, односно еден и пол до два литри, некогаш и повеќе течности, зависно од степенот на физичка активност и здравствена состојба.
Лекарите не препорачуваат накнада на течности само со внес на сокови без разлика на нивната содржина на шеќер или вештачки засладувачи, а посакувани се освежителни пијалоци како ладен чај, најдобро од билки, подготвен на вообичаен начин и изладен во фрижидер.
Ладните пијалоци по кои обично посегнувате кога се големи жештини годат само моментално но се опасни ако личноста е прегреана и испотена, бидејќи може да ја оштети слузокожата па може да се јави болка во грлото и настинка.
Кој вид на храна треба да ја јадете во текот на топлото време:
Кога е во прашање изборот на видот на храната, експерти советуваат поголемо внесување на зеленчук и тоа свежо или подготвено на пареа и свежо овошје.
Од млечни производи пред се младо сирење, јогурт, со избегнување на јаки сирења, кајмак, павлака и путер поради големата количина на маснотија која ја содржат.
Исто така е неопходно да се намали внесување на месо, со препораки за користење пред се на риба, пилешко а не советува пржење и поховано за подготовка на месо, како ни земање на сувомеснати производи.
Житарици треба да се внесуваат секојдневно во помала количина, леб и мусли, а да се намали или исклучи употреба на лиснати ипекарски пецива кои содржат големи количини на маснотии.
И во текот на летото исхраната треба да е редовна, што подразбира одреден ритам на оброци во текот на деновите, а пожелни се помалку обилни оброци.
Посебно внимание треба да се посвети на правилно чување на намирници кои во текот на летото брзо се расипуваат и тоа пред се намирници од животинско потекло со оглед дека претставуваат добра подлога за развој на бактерии, а најчуствителни се месото и преработките, риба, јајца, млеко и млечни производи па задолжително треба да се чуваат во фрижидер.
Експертите предупредуваат дека од сите млечни производи сладоледот е најчест виновник за настанување на труење во летниот период, бидејќи, по својот состав јајцата претставуваат идеална подлога за развој на салмонела и затоа е неопходна добра техничка обработка , односно да се избегнува користење на производи, на пример колачи, кремови, сладоледи кои содржат свежи јајца.
