Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипски винарии со полни раце работа, интензивно го откупуваат грозјето

Штипски винарии со полни раце работа, интензивно го откупуваат грозјето

Трите штипски винарии интензивно го откупуваат грозјето. Според менаџерите на винариите над 50 отсто од родот е веќе откупен.

Менаџерот на винаријата „Езимит вино“, Вито Митровски вели дека годинава ќе откупат  два милиони килограми грозје, од кои 90 отсто се од нивните плантажи, а останатите 10 отсто од лозарите со кои имаат склучено договори за откуп.

- Откупот на грозјето е почнат, а го откупуваме согласно цените дадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 13 денари за вранецот, 11 денари за смедеревката, поголема е цената кај нас за разлика од другите винарии за темјаниката, односно 24 денари. Од кавлитетот на грозјето сме задоволни, поради обилните врнежи кои беа во пролетта, а тоа придонесе во јули кога се сушеа лозјата  да имаат подземни води. Тоа доведе да имаме одличен квалитет, рече Митровски.

Во штипската винарија „Имако вино“ планиран е откуп на 13 милиони килограми и истата количина на грозје ќе ја откупи и винаријата „Аневски“.

Во штипскиот регион годинава е планиран откуп на 28 милиони килограми.

Слично

Поврзани вести