Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штети ли претерано користење на социјални мрежи на психата на човекот?

Штети ли претерано користење на социјални мрежи на психата на човекот?

Интензивното користење социјални мрежи негативно влијае на самодовербата и го зголемува стравот од други луѓе, открива неодамнешно италијанско истражување.

Истражувачите наведуваат дека претераната употреба на социјалните мрежи има тенденција кај корисниците да развие недоверба и општо незадоволство.

Во истражувањето учествувале 50.000 италијанци кои одговарале на прашања дали се задоволни со нивниот живот, колку често се гледаат со пријателите и колку им веруваат на другите, а потоа добиените резултати се споредени со степенот на користење на социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер.

Истражувањето јасно укажало на негативното влијание на социјалните мрежи врз расположението на корисниците. Исто така е докажано дека физичкиот контакт со другите луѓе придонесува до поголемо лично задоволство, додека виртуелниот контакт придонесува до повеќе сомнежи и несогласувања меѓу луѓето.

Слично

Поврзани вести