Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штериев и во наредните 4 години директор на Македонската берза

Штериев и во наредните 4 години директор на Македонската берза

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 104-тата седница, што се одржа денеска на 28 декември, 2016 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска даде согласност Иван Штериев да биде именуван за Главен извршен директор на "Македонската берза" АД Скопје. 

Ова е уште еден нов мандат за Иван Штериев од четири години, кој функцијата Главен извршен директор на "Македонската берза" АД Скопје ја извршува од 2005-тата година до денес. Мандатот му е до 28 ноември, 2020 година. Инаку, Иван Штериев во "Македонската берза" АД Скопје работи уште од 1996 година.

Исто така, КХВ даде согласност во наредните шест месеци Јосиф Костадиновски да биде раководител на Одделот за работа со хартии од вредност при "ТТК Банка" АД Скопје.

Слично

Поврзани вести