Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штедењето станува актуелно со погодните услови за онлајн депозит на ХалкБанк

Штедењето станува актуелно со погодните услови за онлајн депозит на ХалкБанк

Штедењето повторно станува актуелно со тоа што се создадени и понудени нови производи што го прават штедењето лесно и едноставно. ХалкБанк неодамна, токму во месецот на штедењето го лансираше онлајн депозитот – едноставен и лесен начин за оручување на средствата и нивно зголемување до саканиот износ.

Атрактивноста и податливоста на онлајн депозитот е лесната достапност, односно граѓаните само со неколку клика и без дополнително трошење време, преку платформата за електронско банкарство можат да го започнат процесот на штедење. Банката, со новиот онлајн депозит, до толку го има поедноставено штедењето што потребно е само граѓаните да бидат корисник на услугата Електронско банкарство на ХалкБанки да имаат желба за штедење.

Може да се штеди во денари или во евра, а средствата може да се орочат на шест, дванаесет или на дваесет и четири месеци. Каматните стапки се движат од 0,70% за 6 месечно орочување во денари, односно 0,40% ако се штеди во девизи. За орочувањето на една година, каматата за штедење во денари е 1,40% а за девизи е 0,70%, додека пак за депозит орочен на две години каматата за денарско штедење е 2,10% а 1,30% за девизно. Минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка, вклучувајќи го и кредитниот лимит.

Производот е наменет за физички лица и може да се отвори единствено преку платформата за електронско банкарство. Договорот за електронско орочување на депозит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма со употреба на VASCO токен (e-signature) функционалност со Crontoimage. Онлајн депозитот се води како посебна сметка, депозитна партија за која не е потребно издавање на штедна книшка. Средствата се орочуваат на e-bank а разорочувањето на депозитот е во филијалите односно експозитурите на банката.

Со поедноставување на процедурите за отворање штедна сметка, ХалкБанк покрај што им овозможува на граѓаните лесен и едноставен начин за штедење, уште и им овозможува да го вложат своето слободно време во вистински важните работи во животот.


Слично

Поврзани вести