Шпаркасе Банка: Станбени кредити со каматна стапка од 5.50% фиксна за првите пет години
Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија донесе одлука за именување на Глигор Бишев за нов претеседател на Управниот одбор на банката. По добивањето на лиценцата од страна Народна Банка на Република Македонија од 03.јуни 2013 г-дин Бишев и официјално ја презеде функцијата претседател на Управниот одбор на Банката.
Определбата на г-дин Бишев, заедно со менаџерскиот тим на Банката и Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац, стратешкиот акционер на Шпаркасе Банка Македонија е да ја позицинираат банката во следниве неколку години помеѓу водечките финансиски институции во земјата, препознатлива по сигурноста, иновативните производи, ефикасноста и квалитетот на услуга.
Во таа насока, Шпаркасе Банка воведува нови производи на пазарот, станбен кредит со фиксна каматна стапка од 5.50% за првите пет години и каматна стапка од 5.25%, фиксна за првите три години :
‘‘Знаејќи дека домот е најважен, а во овој период од годината заинтересираноста за купување нов дом, стан или куќа е зачестено, со поддршката од нашата матична банка ги обезбедивме средствата и формиравме нов производ, станбен кредит со фиксна каматна стапка од 5,50% за првите пет години. На тој начин, ќе се обезбеди стабилност на каматната стапка за населението во следните 5 години со што обезбедуваме можност за подолгорочно планирање на средствата за сите потенцијални клиенти кои планираат да имаат сопствен дом. Воедно воведовме уште еден дополнителен станбен производ со каматна стапка од 5,25%, фиксна за следните три години, за граѓаните да имаат повеќе можности за избор при нивното планирање на средствата. ШБМ ќе продолжи со својата фокусираност кон кредитирање на граѓаните и во иднина ќе биде посветена на креирање и лансирање нови иновативни и современи производи.‘‘, изјави г-дин Бишев.
Имајќи ги во предвид долгорочните цели и користејќи го искуството од матичната куќа, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува стратегијата да креира квалитетни и иновативни производи во согласност со потребите постоечките и потенцијални клиенти.
Слично
