Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпаркасе Банка донираше 1.000.000 денари за поплавените семејства

Шпаркасе Банка донираше 1.000.000 денари за поплавените семејства

Шпаркасе Банка Македонија денеска донираше 1.000.000 денари како финансиска помош за семејствата од поплавените подрачја на Град Скопје и градот Тетово, кои како последица на силното невреме изминатиот викенд претрпеа големи материјални штети и загуби на своите најблиски.

Преку овој хуман гест Банката се вклучи во акцијата што ја организира Црвениот крст на Република Македонија и ја покажа својата хуманост и одговорност како финансиска институција, во момент кога на поголем број граѓани им е потребна помош за обновување на своите живеалишта, како и за набавка на основните ресурси во храна, облека, хигиена и лекови. Покрај финансиската донација, Банката ги вклучи и вработените со свои лични донации на финансиски средства или преку обезбедување на потребните основни средства, за што побрзо и полесно пребродување на ситуацијата кај поплавените семејства.

Дополнително, Шпаркасе Банка ги повикува сите хумани граѓани и институции да ја поддржат оваа донаторска акција преку вршење уплати на  специјалната жиро-сметка 250-0000000001-11 и со повикување на број 2924000628 - Уплата за поплавеното население во Скопје и во Тетово.

Шпаркасе Банка Македонија апелира при донирањето хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и на Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

Слично

Поврзани вести