Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпаркасе банка демантира: Лицето кое злоупотребило платежни картички не е вработено во Банката

Шпаркасе банка демантира: Лицето кое злоупотребило платежни картички не е вработено во Банката

Од Шпаркасе банка денеска ги демантираат информациите кои пред два дена се појавија во дел од медиумите кои повикувајќи се на билтенот на МВР објавија дека Кавадарчанка злоупотребувала картички на своите колешки и крадела пари од нив.

Во образложението на Банката се појаснува дека осомниченото лице Е.С. (29) не работело во Шпаркасе банка АД Македонија во Кавадарци.

Од оваа банка реагираат до сите медиуми кои ја пренесоа информацијата да извршат корекција.

Слично

Поврзани вести