ШКОЛУВАЊЕ, ЛЕКУВАЊЕ, СТАН: Што се е бесплатно во Финска-рајот на земјата?
Оваа скандинавска земја им нуди многу поволности на своите граѓани. На невработените им се плаќа стан, а студентите кои работат добиваат две плати.
Одлуката на Финска експериментално да воведе темелен универзален доход за граѓаните од 560 евра месечно, зачуди многумина, но најмалку не ги зачуди граѓаните на таа земја.
Имено, овој потег е целосно во согласност со политиката на земјата која по својот социјален, образовен и здравствен систем и речиси социјалистичка утопија.
„Јавниот сектор во Финска е многу силен, и тоа потекнува од времето кога биле под власт на Русија и уште оттогаш задржале многу „социјалистички“ мерки. Имаат социјалистичка структура на јавниот сектор, голем број на работи се бесплатни и држава им помага на широк круг граѓани-раскажува Новосаѓанката Виолета Салонен која е омажена за Финец, а во Финска студирала и се вработила на универзитетот во Хелсинки .
Школувањето на факултетите е бесплатно, лекувањето во државните установи е бесплатно за невработените, а вработените плаќаат ситна партиципација три пати годишно, после што сите прегледи се бесплатни. За децата се е бесплатно, почнувајќи од здравствената заштита, до училиштето. Единствено се плаќаат градинките, но за финските плати тоа не е голема сума. Интерено е дека овде цените на приватни и државни градинки се изедначени за граѓаните. Односно, за приватните се идвојува ист износ како и за државните, а финската Влада ја плаќа разликата која некогаш е и неколку пати поголема од сумата која ја плаќаат родителите.
Виолета Салоонен вели дека била многу позитивно изненадена со третманот на студентите и невработените. Покрај тоа што студирањето е бесплатно (освен оброк и превоз чии трошкоци студентот ги сноси сам), секој студент има опција да работи пола работно време додека студира )20 часа неделно). Покрај плата, финската Влада додека работи, месечно на студентот му плаќа уште 550 евра бесповратна помош. Кон крајот на мај, кога се распуштаат факултетите, студентите имаат можност да работат и полно работно време и за тие месеци не добиваат помош. Исто така. им се достапни кредити за студирање од банките со многу ниска камата од 0,5 до 1 отсто, а оброк на факултетите (со предјадење, главно јадење и салата) чини околу две евра.
Додека бев невработена, примав помош од државата која се движи помеѓу 560 и 650 евра. Тоа не е доволно за живот, но како невработен, државата ти плаќа и половина стан ако живееш со партнер, или цел ако живееш сам, па тие пари кога ги добиеш ги трошиш на храна и останати потреби. Ако добиеш отказ бидејќи фирмата ти е во проблеми, во Финска примаш 70 отсто од платата во наредните 12 до 18 месеци, раскажува Виолета.
Финска има поволности и за странски граѓани кои одлучат да се преселат во земјата и добијат виза за престојување. Ако учат фински, тие добиваат помош од 570 евра месечно.
