Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шише „Кока-Кола“ со вашето име

Шише „Кока-Кола“ со вашето име

Глобалниот гигант за производство на безалкохолни пијалоци, американската компанија „Кока-кола“ на францускиот пазар ќе лансира ограничена серија од 800 милиони „именувани“ шишиња со нејзиниот најпознат пијалок.

Со цел да им се доближи на купувачите, „Кока-кола“ подготви посебни шишиња на кои ќе бидат испишани по едно од 150-те најчести имиња во Франција.

Овие „именувани“ шишиња ќе ги има и во класичната  варијанта на „Кока-кола“, но и во брендовите „Лајт“ и „Зиро“.

Продажбата на ваквата „Кока-кола“ ќе почне во мај и ќе трае два до три месеци.

Слично

Поврзани вести